Две интервенции во текот на изминатите 24 часа бележат кумановските пожарникари.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, оџак бил опожарен на станбена зграда лоцирана на улицата „Егејска Македонија“. Четворица пожарникари на терен интервенирале од 06:30 до 07:45 часот.
Во 16:55 часот четворица пожарникари излегле на терен во атарот на селото Јачинце каде гаснеле опожарена трска. Интервенцијата завршила дури во 21:40 часот.
Причините за избувнување на пожарите не се познати.