Оџаци на две куќи гореле вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера бележат две интервенции на запалени оџаци, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била на запален оџак од семејна куќа лоцирана на улицата „ЈНА“.

Пожарот го гаснеле тројца пожникари во период од 10:45 до 11:15 часот.

Оџак на семејна нуќа горел и на улицата „Моша Пијаде. Таму вчера попладне од 14:55 до 15:05 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Никола Ивановски

Leave a Reply