Две лица биле приведени вчеравечер во Куманово откако полицијата констатирала дека возеле и покрај тоа што имале активна забрана.
Во првиот случај приведен е 33-годишник од липковското село Отља, а неговото возило е одземено.
– На 03.03.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Н.(33) од с.Отља, општина Липково, затоа што на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило од Б категорија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Поради истиот прекршок, приведен бил и 43-годишник од село Аглуња од Општина Старо Нагоричане.
– На 03.03.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ј.Б.(43) од селото Алгуња, општина Старо Нагоричане, затоа што во селото Алгуња управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило од Б категорија, велат од СВР Куманово.
И во двата случаи, како што се додава во соопштението, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, полицијата најавува соодвени пријави против возачите.
Никола Ивановски

