Одземен автомобил на 35-годишен кумановец, возел иако немал право

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник од Куманово ноќва бил приведен, а неговото визло одземено, откако полицијат аутврдила дека возел пред да се стекне со право на управување со моторно возило.

– На 12.02.2026 во 02:55 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген поло“, управувано од Д.П. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец остана без автомобил. Возел без возачка и со истечена регистрација

– Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски