Одржана итна седница на СБ на ОН за ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН одржа итна седница зад затворени врати во неделата поради ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт, но не беа преземени итни мерки, јавува АП и наведува дека Соединетите Американски Држави побарале од сите 15 членки остро да го осудат „Гозоморни терористички напади извршени од Хамас“.

Loading...

Заменик американскиот амбасадор Роберт Вуд подоцна потврди дека „прилично голем број земји“ го осудија нападот на Хамас, но не сите земји-членки на Советот за безбедност на ОН.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја за АП изјави дека за време на средбата Американците се обиделе да ја обвинат Русија дека не го осудува нападот, што, според него, не е точно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза

„Ги осудуваме сите напади врз цивили, тоа беше мојот коментар“, рече Небензја и нагласи дека пораката на Русија е дека е важно „веднаш да се прекинат борбите, да се оди на прекин на огнот и на сериозни преговори, кои се во застој со децении.

Кинескиот амбасадор Џанг Џун претходно изрази сличен став, велејќи дека Пекинг ги осудува сите напади врз цивили, иако тој не го спомна Хамас, според АП.

Американскиот претставник во ОН, Роберт Вуд, јасно стави до знаење дека САД се фокусирани на осуда на Хамас за, како што ја нарече „оваа неиспровоцирана инвазија и терористички напади“ и додаде дека Хамас мора да стави крај на својата насилна терористичка активност против израелскиот народ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел изврши воздушни напади врз јужен Либан