„Одржа 12 деца во живот не заборавајте го“

Сподели со своите пријатели

Акопол Чантавонг, 25-годишниот фудбалски тренер од Тајланд кој со себе поведе 12 деца од својот клуб во пештерата, за некои е главен виновник за оваа несреќа.

Меѓутоа, на социјалните мрежи многу корисници од Тајланд и од останатите делови до светот испраѓаат пораки во негова поддршка, давајќу му заслуга што момчињата и по 15 деца поминати во пештерата ги одржува во добра состојба.

– Со 25 години овој тренер и самиот уште е дете. Но очигледно тоа била голема инспирација за дванаестмината момчиња чиј морал изгледа никогаш не падна и покрај се низ што минаа. Голема почит за тренерот, напиша една кориснична на интернет.

Друг корисник, инаку наградуван писател Асџад Назир, открива како Акапол го изгубил семејството уште како дете. По оваа трагедија отиде во самостан, но сепак се врати и на крајот „целиот свој живот го посвети тренирајќи деца“.

Loading...

„Одржа 12 деца во живот без храна и светло девет дена. Тој утре ќе излезе последен, а има само 25 години. Не заборавајте на него, додава.

Неговата тетка исто така испрати порака во негова одбрана, тврдејќи дека тој е добра личност и дека никој не сакал да доведе деца во таква опасна ситуација.

Во разговор за CNN таа објаснувал дека Акапол останал сирак на девет годии и дека искусил „многу неволји“.

Момчињата, членови на локалниот фудбалски клуб на возраст од 11 до 16 години се заглавени во пештерата, спасени се осум од нив, а уште четири и тренерот се и натаму заробени. Утре се очекува да излезат и тие со помош на нуркачите од целиот свет.

Leave a Reply