По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница, Владата ја донесе информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска.
Loading...
Инвестицијата ќе треба да се реализира во рок од 4 години со вкупна вредност од околу 22 милиони евра. (1.342.000.000 ден)
– Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со ова се очекува да биде целосно решен проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини.
Никола Ивановски