Однисте помеѓу Русија и САД се влошени до ситуација слична на „онаа во која живееме за време на Студената војна“, вели генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Неколку дена откако САД соопштија дека ќе протераат 12 руски дипломати при ОН поради „случајот Скрипаљ“, Гугереш ги повика Вашингтон и москва повторно да воспостават линија на комуниакција со ецл да спречат било какви појави на напнатост, пренесува британската агенција „Ројтерс“.
– За време на Студената војна постел механизам на комуниакција и контрола за да се спречат инциденти, за да се обезбеди спречување работите да излезат од конгрола кога тензиите растат. Таквите механизми исчезнаа, рекол Гутереш и додал дека верува дека „те механизми се неопходни“.
САД во понеделник соопштија дека ќе протераат 60 руски дипломати, вклучително и 12 при мисијата на Обединетите нации во Њујорк.
На тоа се приклучија и владите ширум Европа кои најавија дека ќе протераат руски дипломати поради труење на рускиот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија со нервен агенс при прочетокот на март во Лондон.
Британија ја обвини Русија за труењето на Скрипаљ, меѓутоа Москва одлучно негира.