Одложено лансирањето на Спејс Икс: Се разболел астронаутот

Сподели со своите пријатели

Лансирањето на Space X до Меѓународната вселенска станица е одложено поради медицински проблем на еден од четворицата астронаути, соопштија денеска официјални лица.

Loading...

НАСА објави дека лансирањето сега би можело да се изврши најрано во сабота навечер, објави АП.

Полетувањето беше закажано за минатата недела, но беше одложено за среда поради лошите временски услови.

Официјалните лица не кажаа кои членови на екипажот имале здравствен проблем.

Тие го опишаа како помал медицински проблем кој не е поврзан со Ковид-19, според АП.

Еден германски и тројца американски астронаути на возраст од 34 до 61 година се во карантин две недели.

Раџа Чари, Том Маршбрн, Кајла Барон и Матијас Мојер од Европската вселенска агенција ќе се преселат во вселенската станица на шест месеци, каде што ќе ги заменат четворицата астронаути кои се таму од април.

НАСА претпочита да лансира нов екипаж пред да го врати стариот, за да можат лично да извршат предавање, но ги разгледува сите опции со оглед на доцнењето на последниот лет, додава АП.

Loading...