Претседателот на каталонскиот парламент,Роџер Торент,денеска го одложил гласањето за нов претседател на регионот Каталонија,со образложение дека освен Карлес Пуџдемон не може да има ниту еден друг легитимен лидер.

Карлес Пуџдемон
И покрај острите предупредувања од страна на шпанската влада дека нема да дозволи враќање на Пуџдемон на власт бидејќи побегнал во Белгија после октомвриската еднострана декларација за независност,Торент вели дека именувањето на нов претседател е работа која се однесува единствено на регионалниот парламент на Каталонија.
„Не прифаќаме други да ни кажуваат како Каталонците ќе гласаат.“-Вели Торент

