ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ: Се појави сладолед против мамурлак (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Замислете мамурлакот да можете да го лекувате со сладолед. Всушност, не мора повеќе да замислувате затоа што тоа стана реалност, но засега само во Јужна Кореја.

Една тамошна фабрика на пазарот лансираше седнвич-сладолед под називот „Gyeondyo“ кој, како што пишува Ројтерс, ги намалува или целосно отстранува симптомите на мамурлакот.

„Gyeondyo“ во превод би значело „држи се“, а сладоледот е со вкус на грејпфрут и содржи помала количина на овошен сок од бонбон дрвото кое има плод како грозје, а кое Корејците го користат за лекување мамурлак веќе стотици години.

Ако ви изгледа дека ова се бабини деветини, можеби ќе ве разувери фактот дека едно истражување објавеон во „Journal od Neuroscience“ покажало дека екстрактот од дрвото бонбон навистина го намалува степенот на интоксикација кај пацовите.

А добро е да се знае дека Јужна Кореја има најголема стапка на конзумација на алкохол по глава на жител во цела Азија и дека просечниот Јужнокореец пие 12,3 литри алкохол годишно, пишува „Unilad“.

Наводно жителите на таа земја годишно трошат околу 126 милиони долари на лекови против мамурлак.

Тогаш веројатно знаат што прават, а на нас само останува да се надеваме дека сладоледот ќе пристигне и до Европа.

Leave a Reply