Одете било каде во Шведска и тоа бесплатно!

Сподели со своите пријатели

Шведска ги огласи своите села на интернет платформа за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобинки – целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под називо „allemansrätten“, односно право на секој човек, кое подразбира дека секој целосно слободно и бесплатно лута низ природата и селските предели на земјата, независно дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.

Можете да берете плодови и да шетате каде сакате се додека не приоѓате премногу близу до куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните кои ммирно си пасат низ полињата – изјавил Џени Каисер од агенцијата „Visit Sweden“.

Шведска не морала да го плати ова огласување, а Каисер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници од Airbnb.