Одењето е најдобар начин за согорување на мастите

Сподели со своите пријатели

Доколку барате начин да ги согорите маснотиите во својот организам, наместо скапи часови и напорни тренинзи, прво пробајте со нешто едноставно – одете пешки повеќе.

Имено, нутриционистот и тренер на славните, Харли Пастернак, кој се грижи за ѕвездите како Ким Кардашијан, Аријана Гранде и Лејди Гага, вели дека интензивните кардио вежби не се најдобар начин за да ја достигнете посакуваната форма, а во некои случаи тие имаат дури и контра-ефект.

Пастернак тврди дека колку се поинтензивни кардио вежбите кои ги правите, толку повеќе калории ќе согорувате во минута, но поголемиот дел од тие калории пристигнуваат од “немасни извори”.

За разлика од тоа, со пешачењето ќе потрошите повеќе масти. Уште една важна појава зборува против интензивните кардио вежби, а тоа е гладтта.

Пастернак тврди дека постои директна поврзаност меѓу интензитетот на кардио вежбите и апетитот. Колку повеќе тренирате на овој начин, толку ќе бидете погладни после тренингот. Тоа може да ве доведе до ситуација да јадете повеќе од што би јаделе инаку.

“Од луѓето после такви тренинзи слушам како им се јаде еден колач без глутен и свежо цеден сок полн со шеќери”, вели тренерот.

Ако тоа не е доволно да ве убеди, тој додава дека кај екстремните кардио вежби имате поголеми шанси да се повредите. Па, зборувајќи за луѓето кои сакаат да симнат некој килограм, тој советува да набават добри патики за шетање.

Шетањето исто така се смета за прифатлива метода на вежбање за луѓето на сите нивоа на физичка активност.

Според неговите податоци, Американците во просек одат по 4.100 чекори дневно, додека жителите на поздравите земји во истото време прават и повеќе од 10.000 чекори. Па, поради тоа Пастернак на своите клиенти им дава дневни задачи да поминат од 10.000 до 14.000 чекори.

ZaZabava.mk