Одделението за катастар во Куманово и Управата за имотно правни работи денеска ги реализираше отворените денови на која граѓаните можеа да се запознаат со работењето на институциите.
Странките исто така можеа да се информираат за сите работи кои директно ги засегаат од услугите на овие државни институции.
Пофалби за ажурноста и успешното менаџирање на Одделението од Куманово пристигна и од директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески, кој вели дека минатата година во Куманово од 60.000 примени барања ги решиле во законски предвидениот рок.
Постапката за дигитализација на катастарските планови овдека е комплетно завршена во делот на дигитализацијата. Во делот на усогласувањето имаме 97 отсто усогласени податоци и очекуваме во текот на месец март да се заврши целокупната постапка и Куманово да ги има дигиталните планови за целата своја територија. Одделението минатата година запиша 7.139 дивоградби што ги легализирала општината – изјави директорот Трпески.
За три недели се очекува дислокација на еден шалтер од Катастарот, кој ќе се пресели во просториите спроти Општина Куманово, односно во поранешен објект на „Димче Еребица“ поради овозможување пристап и на лицата со хендикеп.
Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи вели дека минатата година имало поднесени 17.800 барања за приватизација, а од нив завршени биле 73%.
Тоа значи дека генерално во постапка ни остануваат уште 4700 предмети кои се во постапка за докомплетирање и очекуваме во наредниот период да донесеме и првостепени решенија за тие предмети – додава Крстаноски.
За проектот „Купи куќа за млади“ директорот информираше дека во понелденик и вторник од 10 до 15 часот заинтересираните ќе можат да добијат повеќе информации за овој проект, кој според досегашните проценки наидува на добра заинтересираност кај младите во Куманово.