Кинескиот сателит „Тијангонг 1“ кој поради дефект, неконтролирано паѓа кон Земјата, би можел веќе во наредните часови да влезе во атмосферата на нашата планета, иако е мала веројатноста дека некој негов дел ќе падне на тлото.
Се очекува кинеската вселенска лабораторија да се распадне при влегувањето во атмосферата и да изгори од триењето, па научницит епроценуваат дека нејзините делови претставуваат само незначителен ризик врз населението на Земјата.
„Тијангонг 1“, долг 10,4 метри и тежок 8,5 тони, лансиран е во 2011 година, како експериментална платформа за поголеми проекти во рамките на амбициозниот план на Пекинг до 2023. година да има постојана вселенска станица во орбитата на Земјата.
Европската вселенска агенција проценува дека падот ќе се случи денеска по средноевропско време, пренесува АП.