Одбојкарките славеа над Планет од Скопје

Сподели со своите пријатели

Во полуфиналето на Play-off во Сениорската државна лига за жени Одбројкарскиот Клуб Куманово како гостин кај Планет во Скопје успеа да извојува победа во петиот сет, со 3:2. Два часа и 5 минути тензија и борба – достојно за ваков стадиум на натпреварување.

Loading...

Поразот на екипата на ОК Планет е прв во пролетниот дел од првенството.  Со ова победа серијата е израмнета – и двете екипи имаат по една победа. Решавачкиот меч ќе се  одигра на теренот на ОК Планет во среда .Победникот оди во финале на лигата во кое противникот е ОК Јанта Волеј кој со 2:0 во победи ја елиминира екипата на ОК Универзитет во Тетово.

На 28-ми ќе се одигра финалето на Купот на Македонија во одбојка во двете конкуренции. Во женската -ОК Куманово ќе има можност да го одбрани пехарот освоен минатата сезона. Противникот е ОК Универзитет во Тетово.

Натпреварот ќе се одигра на неутрален терен и ќе биде пренесуван од МРТ. Тренерот Денис Вујадиновиќ се надева дека и оваа долга и напорна сезона ќе биде крунисана со успех и титули.

 

Leave a Reply