Одбојкарскиот клуб Сити Волеј Славков и Куманово викендов забележа пораз на домашен терен во рамките на 12 коло од женската сениорска лига, откако после четири сета беа совладани од составот на Јанта Волеј од Скопје со резултат 98:85.
Loading...
Одбојкарките на СВСК силно се бореа за победа на лидерот од табелата и малку ги делеше од успехот кој за нив ќе значеше голем исчекор во понатамошните натпреварувања, но сепак падот на концентрацијата во последниот сет ги чинеше пораз и тоа четврти сезонава, додека гостите и натаму остануваа непоразени.
Домашната екипа го доби само вториот сет од натпреварот со резултат 25:23, додека во останатите три целосна доминација покажа гостинскиот состав.
Да им честитаме на противниците, беа за една нијанса подобри од нас, се надевам дека и во следните средби нема да има толку тензии како денеска од разноразни причини, ќе се прикаже уште поквалитетна добојка и се надеваме дека ќе дојде и нашето време да победиме и да ги земеме бодовите кои ги заслуживме. Малку среќата не беше на наша страна, малку во критичните моменти тие играчи што треба да ја носат играта не повлекоа тоа што треба, да поминат да направт блок или поен, едноставно сплет на околности, ние не можеме да бидеме незадоволни сепак екипата изигра тоа што треба да изигра, но сепак некои нијанси што треба да се доработат, за плеј оф ќе бидеме поспремни – изјави Денис Вујадиновиќ од ОК СВСК.
Со 24 бодови од вкупно 12 одиграни натпревари одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово се на второто место во табелата, веднаш зад составот на Јанта Волеј.
Loading...
Loading...
Loading...