Во рамките на претпоследното 6то коло од есенскиот дел од Сениорска државна лига за жени во одбојка, на теренот на СОУ „Перо Наков“ утре со почеток од 14:00 часот, натпревар ќе одиграат Одбојкарскиот клуб Сити Волеј Славков и Куманово и ОК универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.
Со овој натпревар екипата на СВСК ќе ја комплетира полу-сезоната во Куманово, додека последното 7мо коло ќе го одигра веќе во сабота со гостување на Пелистер Волеј во Битола.
Се надеваме на две победи во последниве два натпревари, со што ОК СВСКуманово би се зацврстило на втората позиција во шампионатот, со само еден пораз од водечката екипа на Јанта Волеј КВ минатото коло (3:0) – вели Денис Вукадиновиќ, претседател на клубот.
Покрај сениорките, и младите категории завршуваат со своето натпреварување за есенскиот дел, освојувајќи ги првите позиции во своите групи во сите старосни категории (пионерки 2002 и помлади – кадетки 2000 и помлади и младинки 1998 и помлади).