Одбојкарките на Куманово ја започнуваат битката за шампионската титула

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Куманово утре се пред финалниот тест –  започнува финалната серија од Play-off-от за титула шампион во Сениорска државна лига за жени. Натпреварот е закажан за 20:00 часот во салата на СОУ Перо Наков. Противник на кумановки е ОК Јанта Волеј од Скопје и натпреварот се очекува да биде реприза на минатогодишното финале.

Претходно Одбојкарскиот клуб Куманово го освои Купот на Македонија во одбојка за жени со што ја одбрани титулата од минатата сезона. Сега останува да ја одбранат и титулата шампион во лигата.

Leave a Reply