Започнува плеј-офот во Сениорската лига за жени во одбојка за сезона 2017/18 г. Во одбрана на титулата освоена минатата година и сезонава ОК Куманово обезбеди пласман меѓу 4 најдобри екипи во државата.
По одиграни 18 кола нашата екипа освои 4. место и во плеј оф завршницата ќе разигрува со екипата на ОК Планет од Скопје која во регуларниот дел од првенството го освои првото место на табелата.
Веќе во утре ОК Куманово ќе биде домаќин на првиот натпревар од оваа серија (прв до две добиени средби). Натпреварот е закажан за 17:30 во салата на СОУ Перо Наков Куманово.
Следната средба е во Скопје (сабота) и доколку има потреба и третиот натпревар исто така ќе се одигра на теренот на ОК Планет.