Одбојкарките на Куманово го совладаа Виктори Волеј

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Куманово викендов на домашен терен го совладаа составот на Виктори Волеј во рамките на 16. коло до сениорската државна лига за жени.

Во еден од клучните натпревари за обезбедување на пласманот во play-off екипата на Куманово извојува победа со резултат 3:0 во сетови (25:21, 25:14 и 25:16).

Освен израмнет и неизвесен прв сет, кој до резултатот 17:20 одеше во корист на гостинките, а со пресврт го освои ОК Куманово, остатокот од мечот помина во доминација на домашните одбојкарки.

Со трите бода составот на Куманово е на 4. место со 5 бодови (и натпревар повеќе) пред екипата на Наковски Волеј и пред екипата на Виктори Волеј која е на 6. место со поразот има минимални шанси за play-off позиција со оглед дека претстојат уште две кола до крајот на регуларниот дел.

Leave a Reply