Одбојкарите на Јанта Волеј КВ Скопје и Сити Волеј Славков и Куманово утре со почеток во 13 часот во салата Невена Дуња во Скопје го играат дербито за есенскиот дел од Сениорската лига во одбојка за жени.
И двете екипи во првите 4 кола извојуваа исто толку победи, со тоа што нашата екипа има подобар збир на бодови и го зазема првото место. Овој натпревар најверојатно ќе одлучува за есенскиот првак во женската одбојкарска лига. Кумановската екипа е максимално подготвена да му се спротивстави на минатогодишниот шампион ОК Јанта Волеј, и со уште една добра партија да го задржи лидерското место на табелата.