Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден на ромскиот јазик.
Како што најави кабинетот на министерот без ресор Самка Ибраимовски, на настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Рената Tренеска- Дескоска. Обраќања ќе имаат и министерот без ресор задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбите на Ромите Ибраимоски и проф.д-р Љатив Демир.
Искуствата од регионот ќе ги пренесат Љуан Кока од Србија, Вељко Гајдази од Хрватска, Јосиф Нунев од Бугарија и Даут Ќуланџиу од Косово.
Извор:МИА

