Одбележана годишнината од бомбардирањето на Аџитепе (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На споменикот на авијатичари во населбата Долно Којнаре во Куманово денеска беа одбележани 78 години од бомбардирањето на аеродромот Аџитепе.

Loading...

Свежо цвеќе на споменикот положија градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорката на Република Србија Душанка Дивјак Томиќ, политички партии, невладини организации и јавни институции.

Пред присутните се обрати Марија Живачки, кустос при НУ Музеј Куманово, а ученици од основни училишта од градот имаа свои рецитали.

Loading...

– Оваа операција го означува почетокот на Втората светска војна во Југославија. На 6ти април 1941 година, германската и италијанската авијација извршиле бомбардирање на поголеми југословенски аеродроми и други значајни објекти, меѓу  кои и аеродромите во Скопје и Куманово. Единаесет авијатичари од Скопскиот гарнизон во воздушна борба против германската авијација на овој простор над аеродромот Аџитепе загинаа во 1941 година, рече Живачки.

Одбележувањето беше под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт.

Leave a Reply