Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска со воена свеченост беше одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон, ден кога е формирана и Третата Македонска Ударна Бригада во селото Жегљане во 1944 година.
Loading...
Во рамките на одбележувањето на настанот припадниците на АРМ продефилираа низ кругот на касарната, а беше изложено и дел од воена опрема и оружје со кое располага единицата.
Покрај реализицијата на редовните задачи како единица, би го спомнал нашето ангажирање во асистенција на МВР во справување со мигрантската криза во обезбедување на северната и јужната граница , како и ангажирањето во справување со поплавите во скопскиот регион, изјави Лулзим Нуредини, командант на Прв механизиран пешадиски баталјон.
На прославата присуствуваа и високи претставници на АРМ, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа,бизнис секторот и граѓани.
На денешната свеченост беа прочитани телеграми со честитки по повод денот на Денот на единицата,беа унапредени,пофалени и наградени припадници на единицата,беше прогласен најдобар вод и беа доделни награди за соработка на кумановската градинка „Ангел Шајче“,културно-уметничките друштва „Срма“ и Бајрам Шабани“ и на приватни компании.
Loading...