Со низа активности општинската организација на Либерално демократската партија од Куманового одбележа 20-от јубилеј од своето формирање, а централната прослава со роденденска торта го собра највисокото партиско раководство во просториите на поранешен комитет.
Прославата започна со пригодниот говор на претседателот на ОО на ЛДП, Ивица Костовски кој на сите членови на партијата им го честиташе 20-тиот јубилеен роденден, по што пред многубројните прусутни членови на партијата се обрати и претседателот на ЛДП, Горан Милевски кој исто така се придружи на честитките и во својот говор меѓу другото истакна дека ЛДП е политичка партија со најдолг опозиционен стаж затоа што во свото дваесетгодишно постоење 16 години била во опозиција, а само 4 години на власт.

Потоа, претседателот на ОО на ЛДП, Ивица Костовски, во знак на признание за нивното успешно водење на општинската организација на ЛДП, им додели плакети на поранешните претседатели Тома Глигоријевски, Иле Митковски, Драган Јаневиќ и Зоран Павловски.
Во чест на 20-тиот јубилеен роденден на партијата, претседателот на ЛДП, Горан Милевски i претседателот на ОО на ЛДП, Ивица Костовски ја пресекоа роденденската торта, а беше отворено и шампањско.
На прославата беа изложени и многубројни фотографии на кои се претставени дел од активностите на Општинската организација на ЛДП-Куманово во изминатиот 20 годишен период.


