Од вечерва дожд и пад на температурите, вторник носи услови за снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата захидрометеоролошки работи..

Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со картки сончеви интервали и максимална дневна температура до 11 степен. Загаденоста на воздухот измерена утринава во 9 часот покажува 65 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен, што значи дењка воздухот е само минимални 15 микрограми повеќе над дозволееното.

Утре ќе се задржи променливо облачно и се уште релативно топло време, петпладне со локален слаб дожд. Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата.

Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во централните делови од земјата.

Во вторник и среда ќе биде студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.