Времето денеска ќе биде умерено облачно, а во текот на денот локално ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд со слаб интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Минималните температури ширум државата ќе се движат од 3 до 9 степени целзиусови, а максималните ќе бидат во интервал од 18 до 25 степени целзиусови.
Во Куманово и околината, според информациите од порталот за временска прогноза accuweather, денес ќе имаме сончево време, а во попладневните часови е можна изолирана појава на невреме со дожд и грмотевици. Максималнта дневна температура ќе достигне 20 степени, а истата во текот на ноќта ќе се спушти на 9 степени целзиусови.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Од среда ќе биде стабилно и потопло.