Од утре стабилизирање на времето и постепен пораст не температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, но и услови за нестабилност во попладневните часови проследена со врнежи од дожд и грмежи. Температурата во утринските часови ќе изнесува 18 степени, а максималната дневна 27 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда и четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply