Од утре шалтерите на институциите ќе работат до 21:30 часот

Сподели со своите пријатели

Шалтерите на повеќе државни институции меѓу кои Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управатаза водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши при Министерството за внатрешни работи како и одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана од утре ќе започнат со двосменско работно време.

Според одлуката за промена на работното време на администрацијата која ја донесе Владата на Република Македонија првата смена ќе работи од 07:30 до 14:30 часот, а втората смена од 14:30 до 21:30 часот, како и правата сабота од месецот со работно време од 8 до 16 часот.

Фотографирањето за патни документи, личи карти, пасоши и возачки дозволи и досега функционираше во две смени, но наместо до 19 часот, сега работното време ќе трае до 21:30 часот.