Од утре поскапи цигари, витамини и антидепресиви

Сподели со своите пријатели

На поскапувањата им нема крај. На листата поскапи производи од утре ќе се најдат и цигарите, витамините и антидепресивите.

Loading...

Владата ќе ги зголеми од 5 на 10 отсто акцизите за овие производи, а тоа ќе ја крене нивната цена.

Така се очекува цигарите да поскапат за околу пет денари, вклучително и пурите и електронските цигари. Само од акцизата на овие производи владата се очекува годишно да прибере 13 милиони евра во буџетот, пишува Сител.

Но, тука не е крајот. Почнувајќи од овој јануари, па секој следен јануари до 2026 година, акцизата за цигари ќе расте, а ќе расте и нивната цена.

Целосната листа на производи кои ќе поскапат треба да биде објавена денеска, а според медиумите, на неа ќе се најдат и околу 500 суплементи. Меѓу нив и многу важите витамини за трудници и додатоци за исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

Ќе поскапат сите мултивитамински препарати, кои содржат витамин Б, Д и Е, магнезиум, витамин Ц од 1,000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидрација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.