Од утре ќе се ограничи движењето на населението на територијата на целата држава преку полициски час.
Како што информираат од Владата, се забранува движење во период од 21 до 06 часот.
– Нема компромиси кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме да ги почитуваме сите, само така ќе си ги спасиме народот и државата, стои на фејсбук профилот на Владата.
Во секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Оливер Спасовски.
Никола Ивановски