Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m 2 за 24 часа), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Никола Ивановски

