Од утре нов влажен бран, од понеделник за 3 до 5 степени пониска температура

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 1 до 9, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со кратки периодични наоблачувања. Ќе дуваслаб ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна темпераатура ќе изнесува 21 степен.

Од недела под влијание на влажен воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени.

Повеќе врнежи со услови за краткотрајна нестабилност на југот ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник. Потоа следи период на променливо облачно време со повремен дожд и со позитивни утрински температури.