Доколку од утре (21-ви јануари 2016) патувате во Скопје на семафорите можете да наидете и на зелено светло кое ќе трепери.
Имено, Градот Скопје ги зивестува граѓаните дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе биде воведено трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Скопје.
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во наредните 15 дена истото ќе го поставува на сите сообраќајници во градот.
Доколку се орашувавте што тоа значи, еве објаснување.
Според Законот, трепкаво зелено светло ќе биде воведено за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување, па дека ќе се вклучи жолтото, односно црвеното светло набргу потоа.
Со оваа трепкаво светло, ќе се овозмож дополнително информирање на возачите, а истото ќе ја зголеми безбедноста на семафоризираните крстосници во главниот град.
Се потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак.