Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено јужните делови на земјава. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер.
Во Куманово и околината по утринскиот дожд не очекуваат пладневни периоди со сончево до умерено облачно време. Во попладневните часови можна е појава на изолирана нестабилност со врнежи и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.
Од утре времето ќе биде претежно сончево и топло, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Температурата на воздухот ќе биде во постепен благ пораст.