Од утре Аргентина ќе воведе нови мерки за патници од странство

Сподели со своите пријатели

Од утре Аргентина ќе воведе нови мерки за меѓународните патници во авиосообраќајот, што ќе бидат на сила до 8 јануари, соопшти Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Loading...

Меѓународниот сообраќај ќе се одвива само од два аеродрома – Езејза и Сан Фернандо, двата во близина на главниот град Буенос Аирес.

Патниците ќе мора да покажат дека имаат негативен тест за коронавирусот и мораат да поминат 7 дена во карантин, се вели во соопштението на Министерството.

Во Аргентина се потврдени 1.555.279 случаи на заразени со Ковид-19 и 42.254 смртни случаи.

Leave a Reply