Околу 350.000 луѓе влегле во Полска од Украина откако руските војници влегле во земјата, изјави денеска полскиот заменик министер за внатрешни работи Мачеј Васик.
Тој изјави дека во последните 24 часа полско-украинската граница ја минале 100.000 луѓе. Руската воена операција во Украина започна на 24 февруари.
Австрија се подготвува да ги смести бегалците од Украина
Во Австрија се во тек подготовките за прием на бегалци од Украина, а општините и градовите изразија подготвеност да ги примат Украинците кои бегаат од војната.
Министерството за внатрешни работи ги координира активностите за подготовка на капацитетите.
Барателите на азил се преселуваат во помали сместувачки капацитети, со цел да ослободат повеќе капацитети за прием на украински бегалци.
Виена подготвува прифатен центар, преку кој бегалците ќе бидат распоредени според расположливото сместување.
Покраината Салцбург формираше и штаб за планирање, кој ги координира подготовките за прием на бегалци.
Во Салцбург претпоставуваат дека би можеле да примат до 5.000 бегалци.
И провинцијата Корушка е подготвена да прими бегалци од Украина, па се анализираат можностите за сместување, кои досега ги исполнуваа барателите на азил.
Во другите делови на Австрија, покраинските, градските и општинските власти во соработка со армијата, полицијата, Црвениот крст, пожарникарите и хуманитарните организации работат на подготовка на сместување за бегалците.