Точката со наслов „Информација за запишување на училишни обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година“ на денешната 59та седница на Советот на Општина Куманово салата во поранешен комитет ја направи арена на партиски препукувања и допринесе за дебата од час и половина без конкретни заклучоци.
За дискусија прва се јави советничката Валентина Мициќ од коалицијата на СДСМ која истакна дека бројот на новозапишани првачиња од година во година драстично се намалува.
Мициќ повикувајќи се на податоци од извештајот на Секторот за образование при Општина Куманово посочи дека во учебната 2016-2017 запишани се 1.514 ученици од кои 867 во градски и 347 првачиња во рурална средина, споредбено со другите податоци може да се забележи континуиран пад. Во учебната 2005-2006 година биле запишани 1.942 првачиња, во учебната 2008-2009 година се запишале 1.306, а тоа е пад од 8,15%.
Треба да се вклучи црвениот аларм и да се најдат причините за ваквата состојба која е загрижувачка. Во учебната 2014-2015 година биле запишани 1.939 ученици од кои 389 биле во руралната средина – рече Мициќ.

Излагањето на советничката Мициќ која ја обвини политиката на Владата за намалувањето на бројот на првачињата, беше само почеток на дискусијата која траеше повеќе од час и половина.
Советничката Валентина Јовановска од коалицијата за подобра Македонија рече дека таквата состојба нема никаква врска со политиката на Влада, а на нејзиното излагање се надоврза и советникот Драган Петковски.
Дека не е се така црно вкупниот број на првачиња во 2015-2016 година е 1.239, што е зголемување за 4,6% од претходната година, а фактот дека има 30% зголемен број на наставен кадар го докажува истото – потенцираше Петковски.

На дебатата се јавија и оние кои зборуваат секоја седница, но и оние кои не се баш „зборливи“ па на долго расправаа од поплави и обиколници до Кембриџ програма и мозолчиња.
Претседателот на Советот, Максим Димитриевски пак истакна дека секој си тера своја политика претставувајќи ги своите политички субјекти.
Точно е дека 208 деца помалку се запишани во учебната 2015-2016 година во однос на минатата. 208 кумановчиња ги нема на упис затоа што политиката во континуитет 11 години е погрешна. Ако говориме за иселување поради работа денес е тоа друг феномен кога масовно се иселуваат цели семејства. Полесно е да запишете дете на факултет отколку во градинка. Зголеме е наставниот кадар од експериманталните проекти во образованието, се воведуваат нови предмети, исто како во арминјата имаме повеќе офицери од војници – рече Димитриевски.


