Од точка за локален економски развој до препукувања меѓу советниците

Сподели со своите пријатели

Повеќе од час и половина траеше точката број 8 од вкупно 40 кои се на дневниот ред на шестата седница на Советот на Општина Куманово. Советниците застанаа кај точката за локален економски развој на општината за 2018 година и од дебата што треба и како треба да има во програмата преминаа на лични и партиски препукувања.

Со тоа што било во минатото како работел сегашниот советник Зоран Петрушевски додека бил претседател на советот, а како работи актуелната претседателка Атина Мургашанска се повишуваше тонот, а Петрушевски остана без зборот.

Имено, тој се обидуваше да се докажува со Мургашанска колку пати имал можност на реплики и излагања и колку тие треба да траат.

Петрушевски влезе во расправа и со градоначалникот Максим Димитриевски, кој пак обвинуваше дека локалниот економски развој го уништила претходната власт, напоменуваше дека одредени претставници на претходната владејачка гарнитура треба да одговараат кривично.

Претседателката Мургашанска напомена дека советникот треба да се држи до точката, а не да реплицира постојано и неговите реплики да траат повеќе од тоа што деловникот за работа го предвидува. Тука Петрушевски го читаше деловникот и се докажуваше, се споменуваа лични емоции и чувства, одземања зборови, убедувања и докажувања, се освен тоа што навистина требаше да се дискутира за стратегијата за локален економски развој на градот.

Ситуацијата ја смируваше советничката Емилија Трајковска, а потоа и советникот Миле Андоновски, по што се премина кон гласање на програмата која беше усвоена со мнозинство од гласовите.

Leave a Reply