Од стомакот на девојче извадиле топче коса, тешко 1,5 килограми: „Таа не сака да престане да ја јаде“

Сподели со своите пријатели

Лекарите во Индија го спасиле животот на петгодишно девојче од чиј стомак извадиле топче коса, кое девојчето постојано го јадело.

Loading...

Топката што ја извлекле за време на операцијата, која траела повеќе од еден час, тежела скоро 1,5 килограми.

Синдромот на златокоси, односно топче коса во цревата, е предизвикано од трихофагија – компулсивно јадење на косата.

 

 

Девојчето било донесено во болница од нејзините родители откако малото девојче започнало да се жали на болка и оток на стомакот, како и губење на апетит.

Лекарите брзо сфатиле дека причината за ваквата здравствена состојба на девојчето е џиновско топче коса во цревата. Родителите тогаш им признале на лекарите дека детето ја јадело косата две и пол години. Рекоа дека се обиделе да ја спречат на сите можни начини, дури и ја исекле косата … Сепак, ни тоа не помогна. Девојчето на крајот јадело туѓа коса.

Loading...

Д-р Вивек Баду, кој го предводел тимот од пет лекари кои го оперирале девојчето, вели дека ваквите пациенти имаат психијатриско нарушување.

 

 

– Ретко се среќава кај деца. Во светот има 0,3 проценти од ваквите случаи – вели лекарот.

Девојчето во моментов се наоѓа во стабилна состојба.

Leave a Reply