Почна реконструкцијата на дел од улицата „Доне Божинов“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Реконструкцијата опфаќа дел од асфалтот кој е видно оштетен од атмосферски влијанија.

– Наместо крпење на дупки и санација, се одлучивме за целосно машинско гребење и асфалтирање на овој дел од улицата која е доста фреквентна-изјави помошникот раководител од одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Реконструкцијата на „Доне Божинов“ е дел од програмата на општината за санација и реконструкција на улици за што во буџетот на општината за 2020 се планирани скоро 11 милиони денари.


