Од среда третирање против глодари во Општина Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Општина Куманово од среда до петок ќе врши дератизација на јавните површини во градот против глодари.

– Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода, информираат од Општина Куманово.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Никола Ивановски

Leave a Reply