Во следните неколку дена, поточно од 20ти до 22ри март (од среда до петок) ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово.
-Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши поради неповолните временски услови, истото ќе биде одложено за наредниот ден, велат од Општина Куманово.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, апелираат од локалната самоуправа.