Започнувајќи од следниот месец платата на полицијата ќе биде зголемена за пет проценти, а истото ќе се однесува за априлската плата, која се исплаќа во мај.
Покачувањето следува како резултат на договорот помеѓу полицискиот синдикати и Министерството за внатрешни работи постигнат во март минатата година, се вели во соопштението на министерството.
Како што стои во тамошното соопштение Владата продолжува да ги усогласува платите во Министерството за внатрешни работи заедно со оние во Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа, а тој процес се очекува да биде завршиен заклучно следната година.