Од Сирија упатена порака до светот: „Мртви сме. Ви благодариме што нѐ изневеривте“

Сподели со своите пријатели

Од северозападниот дел на Сирија, погоден од земјотрес, стигна порака упатена до светот: „Мртви сме. Ви благодариме што нѐ изневеривте“.

Loading...

Пораката беше испратена преку Твитер од Донатела Ровера, висок советник за кризи во Амнести интернешенел, задолжена за истражување на воените злосторства и кршењето на човековите права во конфликти и кризи.

„Најмоќните, најбогатите земји не ја обезбедија очајно потребната помош за оваа област откако беше погодена од земјотресот пред шест дена. Повеќе луѓе можеа да бидат спасени од урнатините“, се вели во нејзиниот твит.