Парот останал со скршено срце и збунет кога се појавил резултатот од домашниот ДНК тест.
Вознемирените сопружници Дона и Вајнер Џонсон од американската сојузна држава Јута ја тужеа клиниката за вонтелесно оплодување откако една деценија подоцна случајно дознале дека клиниката по грешка користела сперма на друг маж за да ја оплоди јајце клетката на Дона.
Двајцата на шега решиле да направат ДНК тест, а кога стигнал резултатот, воопшто не биле расположени бидејќи се испоставило дека ни крив ни должен, нивното момче кое сега има 12 години е всушност биолошки син на друг маж.
Двојката останала со скршено срце и збунета кога се вратил резултатот од домашниот ДНК тест со „непознат татко“.
Зборувајќи за ABC4, Вајнер рече дека кога го погледнал резултатот каде што Дона била мајка, а таткото бил непознат, мислел дека тоа е невозможно.
– Имаше многу емоции низ кои моравме да поминеме, меѓу кои и разделбата на љубовта на нашиот син, која не е променета. На клиниката се случи грешка, а не знаеме како и зошто морала да се случи, ниту што да правиме сега – рекол човекот.
По неколку болни заеднички разговори го пронашле биолошкиот татко на нивниот син кој истиот ден бил на клиниката.
Сега кога се запознале со него и неговата партнерка, и двата парови преземаат правни мерки против клиниката, која ја потврдила грешката.
Кога станува збор за нивниот син, Вајнер вели дека тој и неговата сопруга чекале една година и дека се подготвувале да му ја кажат вистината.
– Го возев да земе сладолед и сакав да се уверам дека неговото внимание е насочено кон нашиот разговор. Тогаш му кажав дека се случило нешто чудно и дека јас не сум негов биолошки татко. Застана, погледна, се сврте кон мене и ме праша дали сум сериозен. Реков дека сум – истакнал Вајнер.
Тој тврди дека не се сеќава на целиот разговор со синот, но дека во меѓувреме разбрал за што се работи и дека сѐ уште го сака.