Маж, кој се пошегувал дека може да има подобра девојка од девојката со која е во врска, бил многу изненаден откако направил профил со нејзина слика на популарната дејтинг социјална мрежа Тиндер.
Имено, она што требало да биде шега го потсетило на нејзината вредност.
„Внимавајте мажи, ако чувствувате дека можете да имате подобро од вашата девојка, создадете профил на Тиндер со нејзината фотографија и видете колку други мажи би сакале да бидат на вашето место“, напишал мажот на Фејсбук, пренесува Мирор.
„Го направив тоа од шега и мојата девојка доби 1.300 лајкови за само еден час. Сега ќе ѝ подготвам купка, ќе ѝ зготвам вечера, ќе ги наредам алиштата и ќе ѝ ги измасирам стапалата”.
Тој додаде дека тој самиот не може да се натпреварува со тие бројки, а потоа наскоро претстави нови.
„Таа сега има 1865 лајкови, ќе ѝ ги излакирам нозете и ќе ѝ купам пони“, напиша тој.
Тој повторно им пријавил на пријателите на Фејсбук кога бројот на лајкови надминал 2.250, овојпат шегувајќи се со прашањето: „Дали некој има врска со купување теле?”
Објавата предизвика дебата, така што еден корисник му рече дека лајковите не треба да бидат мерило за нечија вредност, други дека и 10.000 лајкови не се важни доколку девојката навистина го сака.