Од понеделник третман против бубашваби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од понеделник до среда, Општина Куманово ќе спроведе акција за дератизација и прв третман против бубашваби.

Loading...

– На 28.04., 29.04. и 30.04.2025 година (понеделник, вторник и среда) во 08.00 часот, ќе се изврши дератизација и прв третман против бубашваби на територија на општина Куманово. Третманот ќе се спроведе во шахти на постоечката канализација, со употреба на препарат ФЛИТРИН 6,14 со активна материја PERMETHRIN I TETRAMETHRIN, информираат од локалната самоуправа.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, како што потенцираат надлежните, истиот ќе биде одложен за наредниот ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце. Во возилото имал пиротехника

Никола Ивановски