Времето денес ќе биде сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачнос, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Куманово и околинта денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и тивко време со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 8 степени целзиусови.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.